Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета посочи еден критичен момент кој го оставил Арсенал без победа: Топката мора да заврши во гол после таква шанса (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета имаше измешани чувства по крајот на првото четвртфинале против Баерн Минхен, бидејќи неговиот тим започна даелку подобро од ривалот, но на крајот се спасуваше од пораз на „Емирејтс“.

Конечните 2:2 остава се да се решава на реваншот на „Алијанц арена“ наредната седмица, а според Артета, клучен момент на првиот меч било промашувањето на Бен Вајт при водство од 1:0.

Арсенал беше далеку подобар во почетната фаза и поведе со голот на Сака, но потоа следеше и големата шанса на десниот бек кој изреагира доста лошо и го погоди само Нојер.

– Го почнавме мечот многу добро, доминиравме и игравме на противничката половина. Креиравме добри моменти и постигнавме први гол.

– После тоа, дојде критичниот момент во мечот, Бен Вајт се најде пред Нојер и требаше да биде 2:0 за нас. Топката мора да заврши во гол после таква шанса, тоа го менува моментумот и цел меч. Ова е Лига на шампиони и не смее да му дозволите ништо на противникот. Ние не ја искористивме шансата, а потоа добивме казна со два гола.

– На крајот, задоволен сум од карактерот кој го покажа тимот. На 1:2 не ја загубивме главата, игравме паметно и не дозволивме да го решат мечот преку контри. Верувам во овие играчи и верувам дека ќе ги намалиме грешките на вториот меч, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни