Поврзете се со нас

Европски првенства

Анти-реклама за главниот спонзор на ЕП: Роналдо тргна две Кока Коли од масата на пресот и испрати порака (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо како капитен на португалската репрезентација се појави на прес-конференцијата воочи натпреварот со Унгарија кој се игра денеска, средба со која Португалците ќе ја започнат одбраната на историскиот трофеј кој го освоија пред 5 години.

Португалците како се уште актуелни европски прваци ќе се обидат да покажат дека поседуваат квалитет за највисоки дострели, а во ситуација кога влегуваат како апсолутни фаворити против Унгарија, Роналдо како најголема ѕвезда во тимот се најде во прв план со својата реакција во прес-салата.

Капитенот на Португалија е познат по тоа што максимално внимава на исхраната и не внесува производи кои содржат шеќер и кофеин, па како бранител и поддржувач на здрава исхрана, му сметаше тоа што пред него се најдоа две Кока Коли.

Роналдо ги тргна двата освежителни пијалоци од масата на која седеше, но ова не беше се, бидејќи им порача на присутните новинари дека треба да пијат вода, а не Кока Кола.

Оваа реакција на Кристијано наиде на милиони реакции на социјалните мрежи, а дефинитивно нема да бидат воодушевени и во УЕФА бидејќи Кока Кола како светски бренд е еден од главните спонзори на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни