Поврзете се со нас

Франција

Анри ќе добие селекторска функција во својата Франција

Објавено

на

Тјери Анри одреден период работеше во стручниот штаб на белгиската фудбалска репрезентација, но сега договорил селекторска функција во својата Франција.

„Лекип“ тврди дека легендарниот напаѓач ја прифатил понудата да биде нов селектор на У-21 репрезентацијата на Франција, што ќе биде и важен самостоен предизвик за него на почетокот на тренерската кариера.

Анри се повлече од асистентската функција во Белгија по СП 2022, а ќе биде наследник на Силвијан Риполи, кој добива отказ поради слабиот настап на младите Французи на последното ЕП.

Анри бил избран во конкуренција на Сабри Ламуши и уште неколку француски стручњаци, а ќе се обиде да остави подобар впечаток од периодот кога ги водеше Монако и Монтреал.

Главна цел на Французите е Олимпијадата следната година, кога Анри ќе ги води „триколорите“ на турнирот кој ќе се игра во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни