Поврзете се со нас

Балкан

Ангеловски се пожали пред новиот обид за прва победа во Хрватска: ВАР се користи само на штета на еден тим

Објавено

на

Игор Ангеловски пред неколку дена почувствува морална одговорност и ја понуди својата оставка како тренер на Горица, но претседателот на клубот не само што не ја прифати истата, туку и го унапреди поранешниот македонски селектор.

Популарниот Мрме од пред два дена извршува две функции во Горица, каде покрај улогата на тренер, сега има привилегии и како спортски директор на тимот кој е на последното место во Првата лига во Хрватска.

Горица претстојниот викенд игра многу важен меч против Славен Белупо и Ангеловски ќе брка прва победа во хрватската фудбалска елита, првенство во кое тимот на македонскиот стручњак веќе беше жртва на неколку неправди.

– Имаме одредени проблеми, но се надевам дека ќе ги решиме до недела. Иако игравме против Хајдук во среда, имаме доволно време за одмор за мечот со Славен Белупо. Сите знаат што овој меч значи за нас, секој мора да го даде својот максимум и мора да се бориме еден за друг. Мора да го добиеме Славен кој заедно со Вараждин е хит на првенството. Сите тимови во првенството покажаа колку оваа лига е изедначена. Славен ќе игра поопуштено, но ние се бориме за секој бод и не може да имаме поголема мотивација.

– Немам притисок што сега сум и спортски директор. После вакви лоши резултати, клубот покажа дека има верба во мене. Верувам дека брзо ќе ги свртиме резултатите, среќен сум што работам со вакви луѓе. Договорот ми е до 2024-та година, а како што стојат работите, сите гледаат на оваа врска на долги стази. Најважно од се е да почнеме да освојуваме бодови, – изјавил Ангеловски, кој проговорил и за неправдите нанесени на неговиот тим.

– Не знам по кој пат судиската комисија утврди дека судијата донел одлука на наша штета. Откако сум тука, во Вараждин не ни досудија пенал, во Шибеник бевме оштетени за два црвени картони и пенал, а сега повторно немаше пенал за Хајдук. Мило ми е што некој ги признава грешките, но ние загубивме драгоцени бодови и никој нема да ни ги врати. ВАР е добар систем кога се користи позитивно и реално. Не може ВАР да се користи само на штета на еден тим. Јас сум за ВАР, но за да му служи на фудбалот, – нагласил Мрме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни