Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за офанзивецот на Реал: Тој гледа да си замине…

Објавено

на

Реал Мадрид пред неколку денови остана без Касемиро кој одлучи да го напушти клубот и се пресели во Манчестер Јунајтед.

По овој трансфер не се очекуваа некои други позначајни заминувања од европскиот шампион, но тоа може да се случи и истото го потврди тренерот Карло Анчелоти. Се работи за Марко Асенсио кој не е задоволен од статусот кој го има во екипата и постои сериозна можност да има нов клуб до крајот на летниот преоден рок.

-Мислам дека Асенсио гледа дали може да си замине. Ако тоа не го направи, во септември ќе биде 100 процентно фокусиран на Реал Мадрид и мој играч, -порача италијанскиот стручњак.

Марко од 2014 година е член на „кралевите“ и досега на 236 натпревари има дадено 49 голови и запишано 24 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни