Поврзете се со нас

АТП

Алкарас првпат ќе игра четвртфинале на трева: Ми се променија очекувањата

Објавено

на

Foto:twitter.com/QueensTennis

Карлос Алкарас самиот велеше дека не е подготвен да има големи амбиции на трева поради тоа што нема доволно искуство на оваа подлога, но на вториот меч во Квинс се покажа во многу подобро издание.

Откако буквално се изнамачи против Риндеркнеш, Шпанецот денеска изгледаше навистина полетно и многу поразиграно на зелената трева во Лондон, каде Јиржи Лехечка немаше никакво решение.

Полуфиналистот од Ронал Гарос сигурно има уште многу простор за напредување на тревна подлога, но се чини дека е на вистинскиот пат и полека го фаќа ритамот кој му е потребен.

Денеска загуби само пет гејма во победата од убедливи 6:2 и 6:3, резултат по кој му се зголеми и самодовербата.

– Очекувањата сега ми се променија во однос на тоа што го мислев пред неколку дена. Сега се чувстувам подготвен да остварам добар резултат и на трева, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни