АТП
Алкарас по шокантниот пораз: Противникот не ме изненади

Карлос Алкарас со големи амбиции пристигна во Париз и покрај тоа што нагласи дека не е 100 проценти подготвен за игра, но веќе во воведната рунда доживеа голем шок и најрана елиминација на еден турнир во 2023-та година.
Шпанскиот тенисер доби „руски нокаут“ од Роман Сафјулин и мораше да се одјави уште во најраната фаза на Мастерсот во Париз, турнир на кој имаше лош настап и минатата сезона.
Алкарас беше надвор од ритам и загуби во два сета со 6:3 и 6:4, па иако новинарите причина за поразот побараа во повредата која ја има на левото стапало, Карлос нагласи дека тоа воопшто не е случај.
– Не загубив поради повредата, можев да играм. Едноставно е, загубив бидејќи не се чувствував добро на теренот, имав лошо чувство. Имаше моменти кога имав добри удари, но едноставно движењето не беше на ниво. Имам многу работи за подобрување, сезоната беше долга и тоа најверојатно влијае на мојата игра. Тука во Париз секогаш има големи изненадувања, но морам да откријам што ми се случува. Ќе се обидам да бидам далеку подобар во оваа фаза од сезоната наредната година.
– Сафјулине не ме изненади, знаев дека игра на многу високо ниво во последните неколку месеци. Победи неколку големи играчи и знаев дека мора да бидам на врвно ниво. Не ме изненади воопшто и му честитам за победата, – изјави Алкарас.
-
Италијапред 21 час
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 15 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 15 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 7 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 20 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Поранешна премиерлигашка ѕвезда со интересен став: Би го избрал Хаверц пред Рашфорд