Поврзете се со нас

АТП

Алкарас нема да го брани трофејот во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас до последен момент се надеваше дека ќе биде подготвен за настапот на турнирот во Барселона од АТП 500 серијата, но денеска и официјално се повлече од турнирот на кој требаше да го брани трофејот од минатата година.

Шпанскиот тенисер влече повреда на раката која се уште му создава проблеми, а денешниот утрински тренинг потврдил дека процесот на рехабилитација не е завршен.

Треторангираниот светски тенисер веќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло поради истата причина, сега ги разочара своите фанови и со повлекувањето од настанот во Барселона, а негов фокус сега ќе биде Мастерсот во Мадрид.

Местото на Алкарас во Барселона ќе го заземе Унгарецот Фабијан Марошан, а Шпанецот ќе се обиде да го реши проблемот до 24. април, кога започнува турнирот во шпанската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни