Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид ги освои бодовите против Пролет

Објавено

на

Ракометарите на Алкалоид го совладаа Пролет (22:28) во денешниот натпревар од плејофот на машката Супер лига, а избраниците на Кире Лазаров го најавија триумфот уште по првото одлично полувреме.

Гостите на паузата имаа предност 11:14, но тоа не ги откажа ракометарите на Пролет, кои во продолжение се вратија во натпреварот и дури имаа неискористена шанса да стигнат до предност.

Алкалоид го издржа овој налет, па во завршницата се снајде подобро на теренот и стигна до убедлива победа со резултат 22:28.

Ѓоргиев и Стојков со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Пролет, Василевски стигна до шест погодоци.

Со денешниот триумф, Алкалоид дополнително се зацврсти на третото место на табелата, заостанувајќи шест бода зад Вардар и Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни