Поврзете се со нас

Репрезентација

Алији „испука“ хет-трик, Македонија ја разби Естонија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската репрезентација до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во рамките на второто коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен, сигурен натпревар, со дисциплинирана игра и голема желба за победа, односно протовникот беше надигран во сите сегменти.

Извонреден беше талентираниот Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за „црвено-жолтите“.

Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алији во 58. минута со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, додека третиот го постигна во 74. минута.

Нашите млади фудбалери покрај трите погодоци, пропуштија уште неколку изгледни можности за да го докусурат противникот.

Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни