Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Тим како Кајлари не се победува со тики-така додавања

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcid

Јувентус не успеа да го победи ниту Калјари, а на средбата на Сардинија се враќаше од два гола негатива кои ги имаше на полувреме.

Тренерот Макс Алегри и натаму добива сериозни критики бидејќи „бјанконерите“ не ги оправдуваат очекувањата на теренот, а и самиот тој имал многу критики за своите фудбалери.

– Му дозволивме на противникот да изведе седум контра-напади во едно полувреме, а ние постојано се обидувавме да погодиме некои тики-така додавања.

– Против агресивен тим како Калјари треба да влезете и да добиете дуел, посебно кога топката не се движи добро на теренот.

– Во овој дел од сезоната мора да му парирате на противникот со физичкиот интензитет, затоа нивните играчи имаа проблеми на крајот на средбата. Тие го дадоа максимумот, а ние требаше или да им парираме или да имаме посакувана техничка прецизност. Во случајов не реализиравме ни едно ни друго, – рекол Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни