Поврзете се со нас

Германија

Алаба го израмни рекордот на легендарниот сонародник Херцог

Објавено

на

Давид Алаба денеска беше дел од победата на Баерн Минхен над Борусија Менхенгладбах, а со овој настап успеа да израмни еден стар рекорд.

Се работи за австриски фудбалер со најмногу настапи во германската Бундеслига, а Алаба кој денеска стигна до 264 настапи, успеа да се израмни легендарниот сонародник Андреас Херцог.

Заедничко за двајцата Австријци е што во Бундеслигата настапуваа за два клуба, а еден од нив беше Баерн Минхен.

Херцог имаше само 28 настапи за Баерн, по што преостанатите ги забележа како член на Вердер Бремен, додека Алаба има само 17 настапи за Хофенхајм, каде играше како позајмен играч.

Алаба пристигна во Баерн од младинската академија на Австрија Виена во 2008 година, за на 17 години да дебитира во Бундеслигата на дуелот на гостински терен со Келн.

Тој може да го собори рекордот на Херцог уште на следниот натпревар, на кој пак Баерн може да ја завери новата титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни