Поврзете се со нас

Балкан

Адеми може да го засили Трабзонспор

Објавено

на

Аријан Адеми краток период е член на кинескиот прволигаш Беиџинг, но може да направи изненадување и по само неколку месеци да се врати на европската фудбалска сцена.

Турскиот медиум „Сабах“ денеска пишува дека новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица, посакува повторно да соработува со Адеми и побарал од раководството да разговара со кинескиот клуб за евентуален заем за новата сезона.

Бјелица му беше тренер на Адеми во Динамо и го избрал токму македонскиот репрезентативец како идеално засилување за средниот ред, иако Трабзонспор финансиски сигурно не може да му парира на кинескиот клуб.

Сепак, „Сабах“ тврди дека неговиот актуелен клуб може да му дозволи заем во Турција, со што Трабзонспор би добил сериозно засилување, а Адеми би прифатил нов предизвик во клубот во кој барем засега се уште член е и Енис Барди.

Нашиот репрезентативец настапуваше 11 години во дресот на Динамо, чиј капитен беше неколку години и со таков статус се пресели во Азија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни