Поврзете се со нас

Пливање

Херојот Марко поради силни болки го прекина маратонот, но испрати моќна порака до цела јавност!

Објавено

на

Марко Пејчиновски минатата година го доби епитетот охридско „чудо од дете“ откако ја исплива маратонската делница од Св. Наум до Охрид, а неговата огромна волја и желба да биде мотив за децата со ретки болести го натераа оваа година да заита кон уште еден подвиг.

За жал, неговата мисија не беше реализирана до самиот крај, бидејќи изминатава вечер беше приморана да ја прекине ултра тешката делница која самиот си ја зададе како крајна цел. 13-годишниот Марко имаше за план да го исплива 64-километарскиот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, но сепак тешките услови и силните болки во ногата го примораа да го прекине соло маратонот по 4 часа и 49 минути во водите на езерото.

Марко го заврши својот подвиг некаде во близина на Градиште, изминувајќи дотогаш 11 километри и 840 метри. Без разлика на тоа што не ја оствари зацртаната цел, Марко и натаму останува херој за охриѓани и цела македонска спортска јавност, а пораката која ја испрати минатата и оваа година се најдобар пример дека никој не треба да се откаже и во најтешките моменти.

Само за потсетување, Марко како помал има преживеано инфаркт на екстремитетите, па токму поради тоа, тој овој маратон им го посвети на децата кои се борат со ретки болести и негова цел беше да се соберат парични средства за нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни