Лига на шампиони
Карачиќ: Чупиќ го имаше главниот збор, никогаш нема да го заборавам полуфиналето со Барселона!
Игор Карачиќ беше избран за најдобар хрватски ракометар за 2019-та година, со што на најдобар можен начин остава едни 12 незаборавни месеци зад себе, во кои по вторпат во кариерата стана европски шампион со Вардар.
Маестро Игор беше најдобар на завршниот турнир во Келн и го доби МВП признанието од страна на ЕХФ, па така како лидер на тимот по вторпат го доведе најдрагоцениот трофеј пред насобраните илјадници фанови во македонската престолнина. На денот кога ја доби наградата за најдобар хрватски ракометар, Игор одработи едно специјално интервју за „Спортске Новости“, во кое се наврати на најнезаборавниот момент од фајнал-форот во Германија.
– Најмогу се сеќавам на големиот пресврт во полуфиналето со Барселона. Ако верувате, ако немате притисок, тогаш си најсилен. А, ние бевме баш такви. Барселона имаше преголем притисок на крајот, тоа се виде во последните 15 минути кога цела сала застана зад нас. Тоа беше незаборавно. Се сеќавам дека Чупиќ на полувремето го имаше главниот збор во соблекувалната, вистината е дека на полувремето имаше класично дерење во соблекувалната. По тоа полуфинале, продолживме во финалето, а таму Веспрем немаше никакви шанси. Бевме до толку самоуверени, тоа беше Вардар во вистинското светло, – потенцира Карачиќ кој додава дека мали се шансите да се врати и да живее во Скопје.
– Вардар и Скопје се приказна за цел живот. Минав осум години таму, Скопје е врзано за мојот живот. Македонците напишаа дека и ќе живеам таму, но не, јас сум повеќе за потег од Мостар кон југ. Вистина е дека во Скопје најдов љубов, но тоа не значи дека ќе се вратам таму да живеам. Си отидов од чисто спортски причини, после осум години ми требаше нов мотив, – додава Игор.
-
Македонијапред 21 час
Струга го отпушти тренерот на три кола до крајот на шампионатот
-
АТПпред 23 часа
Алкарас: Не сакам да губам, но…
-
Олимписки игрипред 21 час
И на Пешиќ му „пукна филмот“: Здодевни сте со Јокиќ…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување (ФОТО)
-
Италијапред 21 час
Пет важни правила-Милан е во потрага по ваков тренер
-
Лига на шампионипред 23 часа
Судиска одлука за која ќе се зборува: Душебајев и Карачиќ на колена, Талант се фаќаше за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Навивачите на Челси не се толку храбри во живо: Можеби се плашат од моето куче…(ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Уште еден удар за великанот: Баерн остана без планираниот тренер за наредната сезона