Поврзете се со нас

Лига Европа

Жоао Педро го однесе Брајтон во осминафинале, Ренџерс го елиминираше Бетис

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Лигата на Европа доби своја разрешница во групната фаза и познати се сите директни учесници во осминафиналето и плејофот, но и екипите кои одат еден ранг подоле во Конференциската лига.

Најголемото дерби оваа вечер се играше на „Амекс“ каде Брајтон и Марсеј водеа директна битка за првото место во групата, па иако се чинеше дека Французите се поблиску до тоа, на крајот славеа похрабрите домаќините.

Марсеј имаше свои шанси и можеше да го реши овој меч во своја корист, но иако му одговараше и реми за прво место, на крајот прими гол и го освои второто место, што значи дека ќе игра бараж за осминафинале во Лига Европа.

Во оваа фаза веќе патува тимот на Роберто Де Ѕерби, за кој херој вечерва беше Жоао Педро кој постигна победнички гол во 88-та минута.

Интересен меч вечерва гледавме и во Шпанија, а таму Ренџерс направи големо изненадување и со победа од 2:3 го елиминираше Бетис од Лига Европа, односно го испрати во Конференциска лига.

Шкотланѓаните со триумфот го освоија првото место и се пласираа во осминафиналето, а место таму преку бараж ќе бара и второпласираната Спарта Прага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни