Поврзете се со нас

Италија

Занети за најтешкиот противник во кариерата: Многу имиња ми паѓаат на ум, но…

Објавено

на

Хавиер Занети е еден од асовите кој остави голема трага во светскиот фудбал или пред се во италијанскиот каде скоро две децении го носеше дресот на италијанскиот великан Интер каде и остана по крајот на кариерата, односно веќе некое време е потпретседател на клубот.

Големиот борец низ фудбалското патување имаше можност да игра многу тимови, репрезентации, да се соочи со многу противници, но ако еден мора да избере како најтежок тоа е славниот Роберто Баџо.

-Многу имиња ми паѓаат на ум, но Баџо е најдобриот противник против кој сум играл. Имам многу пријателски однос со него.

-Потоа мислам на Зинедин Зидан, Рајан Гигс и Лионел Меси против кои играв во Лигата на шампионите, -истакна Занети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни