Поврзете се со нас

Лига Европа

Залудна победа на Јунајтед во Баскија, Лацио испадна од ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед издвојува победа над Реал Сосиедад од 1-0 на вечерашното гостување во Баскија, ама истата не беше доволна за премиерлигашот да го освои првото место во групата Е во Лига Европа.

Младиот Гарначо на асистенција на Роналдо донесе славје, па на крајот „црвените ѓаволи“ и шпанскиот провлигаш завршија со по 15 освоени бодови со тоа што меѓусебниот дуел беше изедначен, ама Сосиедад севкупно има подобра гол разлика и затоа оди директно во осминафиналето.

Најлудо беше во групата Ф каде на вечерашните дуели Митјиланд-Штурм и Феенорд-Лацио триумфираа домаќините со 2-0, односно 1-0. Ова значи Митјиланд, Феенорд и Лацио завршија со по осум бода, ама калчолигашот е најслаб и ќе мора да продолжи во Конференциската лига.

Трабзонспор на Енис Барди беше подобар од Ференцварош со 1-0 и на пролет ќе игра исто во Конференциската лига. Црвена Звезда е елиминирана од ЛЕ и сите купови откако вечера беше преслушана во Франција од Монако со 4-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни