Поврзете се со нас

Англија

Ворнок со комплименти за Миовски: Работи напорно, одлично реализира…

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски игра одлична сезона во дресот на Абердин, тим за кој има дадено 14 гола во првата лига на Шкотска и над 20 во сите конкуренции во натпреварувачката 2023/2024.

Со овие изданија тој си ја зголеми цената на пазарот, а во исто време и го привлече вниманието, па останува да се види дали ќе остане во сегашната средина и во летниот преоден рок.

Тој има договор до 2026 година, но според искусниот англиски стратег Нил Ворнок нашиот напаѓач ќе биде продаден, а потенцијални опции се Селтик и Ренџерс.

-Работи напорно. Мислам дека ќе го продадат на лето. Одлично би се вклопол во Селтик и Ренџерс затоа што напорно работи. Истрча 12 километри кога игравме со Ренџерс, даде се од себе и даде гол. Исто така е добар финишер и мислам дека направи добар потег со доаѓањето во Абердин. Тоа е добар клуб, -порача Ворнок кој кратко време работеше во Бојан во шкотскиот прволигаш во текот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни