Поврзете се со нас

Шпанија

Вооружени крадци се обиделе да влезат во домот на ѕвезда на Реал Мадрид

Објавено

на

Неодамнешниот вооружен грабеж во домот на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона беше топ тема на медиумите во Шпанија, а од оваа земја стигнува уште една загрижувачка информација поврзана со друга фудбалска ѕвезда.

Две лица се обиделе да влезат на имотот и во домот на Дани Карвахал од Реал Мадрид, но шпанскиот репрезентативец поминал многу подобро од Обамејанг, затоа што имал вградено напреден систем за мониторинг и алармирање за „ненајавени гости“.

Непознатите лица побегнале од местото веднаш штом биле детектирани, па не ни стигнале да влезат во домот на бекот на Реал Мадрид, – пренесува „Ел Конфеденсијал“.

Обамејанг беше ограбен во присуство на сопругата, па дури и претепан од поголема група крадци, кои успеале да влезат во неговиот привремен дом во Барселона.

Неколку дена подоцна напаѓачот ја напушти Каталонија и се пресели во Лондон каде ќе настапува за Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни