Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Во Баерн шокирани од објаснувањето на судијата за недосудениот пенал: Бесни сме, тоа е ужасна грешка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 во Северен Лондон и двата тима имаа за што да жалат по крајот на мечот, но едногласни беа и во поплаките за недосудени најстроги казни.

Домаќините бараа пенал во 95-та минута по контактот кој го имаше Букајо Сака со Мануел Нојер, додека гостите од Германија се жалат за една друга ситуација од второто полувреме, кога Габриел имаше нестварна реакција.

Стоперот на Арсенал ја фати топката со рака откако Раја изведе гол-аут, но во оваа ситуација беше поштеден од судијата и мина без пенал. Баварците веднаш бараа најстрога казна, но од таборот на германскиот првак посебно се шокирани од објаснувањето кое го дал шведскиот судија Глен Ниберг.

– Судијата означи почеток на акцијата од гол аут, голманот додаде до дефанзивецот на Арсенал, а овој вториот ја фати топката со рака. Тоа е чист пенал. Уште почудно е објаснувањето на судијата, тој порача дека не можел да досуди таков смешен пенал во четвртфинале во Лигата на шампионите. Извинете но тоа беше негова грешка, а не наша грешка, – изјави спорскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

– Сите во клубот сметаме дека сме серирозно оштетени што не добивме пенал. Знам дека се работеше за луда ситуација, но нивниот дефанзивец ја фати топката со рака. Најбесни сме од објаснувањето кое ни беше дадено на теренот. Судијата ни порача дека тоа било „детска грешка“ и дека нема да досуди пенал за такво нешто во четвртфинале. Тоа е ужасно образложение, не е важно дали е детска грешка, тоа беше голема одлука на наша штета, – изјави Тухел.

Нереалната ситуација погледнете ја ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни