Поврзете се со нас

Боречки спортови

Високи пласмани на каратистите на „Макпетрол” на светската лига во Португалија

Објавено

на

Викторија Јовановска го освои петтото место, а Петар Заборски се пласира на деветтата позиција на турнирот од светската премиер карате лига што се одржа во Матосинхос, Португалија. Претставниците на најтрофејната македонска екипа, „Макпетрол“, се натпреваруваа во борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји.

Јовановска извојува четири победи, а во полуфиналето загуби 0-1 од Ешли Какиај од Холандија. Во борбата за медал водеше со 4-3 на девет секунди до крајот на мечот, но не успеа да го зачува водството и мораше да се задоволи со високата петта позиција.

Во борбите на Карате 1 Серија А во Португалија, неколку каратисти на „Макпетрол“ забележаа по две победи. Најискусниот репрезентативец, кој беше и во улога на тренер, Петар Заборски, првата борба ја загуби, но доби шанса во репасажот бидејќи Херохи Пицул од Украина се пласира во финалето. Заборски одлично стартуваше и заблежа две победи, а во третиот меч беше поразен со минимален резултат 0-1 од Рики Хааг од Шведска.

Витомир Трајковски забележа две ефектни победи, а во третата средба со Нико Мантере од Финска бешее поразен со 1-2. Во истата категорија Петар Спасеновски забележа победа и пораз. Стефан Стојановиќ постигна две победи, а во третиот меч загуби со минимален резултат 0-1 од Николаи Секот од Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни