Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Венгер со предвидување за Баерн-Арсенал: Ова е натпревар…

Објавено

на

Баерн Минхен и Арсенал ќе почнат од „нула“ на реваншот на „Алијанц Арена“, односно резултатот од првата средба (2-2) ги прав отворени сите опции за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Баерн нема најдобра сезона меѓутоа тоа се однесува само на домашните натпреварувања, додека пак „топчиите“ пак имаа добра кампања, ама и тие прават киксови, поажуваат одредени слабости и сетоа ова прави да биде неизвесно, возбудливо во Минхен.

Францускиот стратег, Арсен Венгер со нетрпение ја очекуваа оваа битка за која даде коментар, предвидување за тоа кој е поблиску до победата.

-Арсенал против Баерн Минхен е 50-50 натпревар. Баерн во последно време е ранлив на домашен терен во Бундеслигата, загуби од Дортмунд во многу важен натпревар па нема да биде 100% сигурен. Сè уште мислам дека Арсенал може да помине против Баерн, -истакна Венгер кој запрашан дали тоа предвидување доаѓа од неговото срце или од неговата глава, тој одговори:

-Малку од двете, комбинација, -порача некогашниот предводник на „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни