Поврзете се со нас

Свет

Вела испрати предупредување до Бејл: Имам само една порака за него

Објавено

на

Карлос Вела како долгогодишна ѕвезда во МЛС лигата и актуелен капитен на Лос Анџелес дочека ред да го коментира трансферот за кој зборува цела Америка, а кој беше посебно актуелен и во Европа.

Герет Бејл реши кариерата да ја продолжи во МЛС и потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес, тим во кој досега беше главна ѕвезда Вела, а од ова лето ќе ги гледаме и Велшанецот и легендарниот Џорџо Кјелини.

Бејл влегува во фаза во кариерата кога може доста помирно да ги доживува работите на клупски план после сите титулу кои ги освои со Реал Мадрид, но Вела го предупредува и му најавува дека работите во МЛС не се онака лесни како што мислат многумина.

– Ако Бејл дојде со вистински менталитет и со правилниот однос, тој ќе биде клучен фактор во нашиот тим и ќе биде важен играч. Доаѓа од Реал Мадрид и нема потреба многу да ви го претставувам, цел свет знае за него.

– Единствено што можам да му го кажам е следното: Треба да дојде да работи, зошто МЛС лигата не е лесна како што мислат останатите луѓе од други страни во светот, – потенцира Вела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни