Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Важен ден за фудбалот: Европскиот суд одлучува за Супер лигата, калчолигашите добија предупредување

Објавено

на

Проектот Супер лига не беше реализиран на начинот на кој беше замислен од првичните основачи, а најголем дел од нив се повлекоа од идејата под притисок на УЕФА и националните федерации.

Барселона и Реал Мадрид останаа последни клубови кои барем официјално стојат зад идејата, а утрешниот ден ќе биде многу значаен не само за нив, туку и за иднината на европскиот клупски фудбал.

Европскиот суд за правда утре ќе ја соопшти одлуката за прашањето дали УЕФА смее и во иднина да биде единствен регулатор на европската клупска сцена, односно дали ќе биде прифатено барањето на поднесувачите на барањето ваквата поставеност да биде прогласена за монопол. Одлуката може да оди во повеќе насоки, но „суперлигашите“ се надеваат дека комисијата ќе го поткопа статусот на УЕФА и ќе овозможи простор за организирање турнир, кој нема да донесе санкции за учесниците.

Доколку УЕФА не го задржи актуелниот статус, Флорентино Перез и неговите соработници отворено ќе можат да работат на проектот и со многу попривлечни и пофер услови, да им понудат учество на европските клубови.

Претседателот на Италијанската фудбалска федерациja, Габриеле Гравина, денеска испратил предупредување до клубовите.

– Ние бевме единствена федерација со јасен став за ова прашање. Целосно сме против ваква идеја и секој кој би се приклучил ќе биде исфрлен од националните лиги. Веќе се бориме со вметнување на сите потребни термини за сите турнири, замислете да има уште едно натпреварување, – рекол Гравина, кој е потпретседател на УЕФА и близок соработник на претседателот Александер Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни