Поврзете се со нас

АТП

Вавринка излезе со искрен тип за шансите кои ги има против Ѓоковиќ на централниот терен на Вимблдон

Објавено

на

Станислас Вавринка ја заврши својата работа против Ечевери и после долго време ќе игра во третото коло на Вимблдон, а таму ќе го чека еден од најтешките ривали кои ги имаше во кариерата.

Искусниот Швајцарец со 38 години веќе важи за тениски ветеран и е на самиот залез на кариерата, но пред да се повлече од активното играње тенис, се радува на новата пресметка која ќе ја има со Србинот.

Вавринка има дури 20 порази во меѓусебните пресметки со Ноле но две од шесте победи ги оствари во големите финалиња на грен слем турнирите и го остави Србинот без титулите на Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.

Интересно, и покрај тоа што се толку долго на АТП турот, утрешниот меч во третото коло ќе биде први за нив на тревна подлога, а Стен вели дека Новак влегува како апсолутен фаворит за победа.

– Новак е голем шампион и секогаш е посебно кога се игра против него. Првпат ќе ги одмериме силите на трева и среќен сум што имам нова шанса да играм против него. Ќе се обидам да бидам рамноправен противник, ќе се обидам да направам да игра на највисоко ниво, па после ќе видиме што ќе биде.

– Да бидам искрен, имам нула посто шанси да го освојам Вимблдон, тоа е моето мислење. Среќен сум што денеска победив и што ќе играм уште еден меч. Секој нареден меч сум подобар и сега ќе играм против Ноле. Ми недостасуваше уште ова во кариерата, да играм против него на трева. Ќе биде многу тешко, се надевам дека ќе направам барем да му биде тешко. Сепак, ако се погледнат резултатите од неодамна, немам никакви шанси против него, – изјави Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни