Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Еурофарм убедливи, несекојдневен резултат на дуелот во Бутел

Објавено

на

Шампионот Вардар не дозволи изненадување на незгодното гостување кај Тинекс Пролет (26:35), а Еурофарм рутински ги освои бодовите во дуелот со Скопје 2020 (38:12), додека вториот тим на битолчани неочекувано загуби од Тиквеш (24:26).

„Вардарци“ уште на полувреме водеа со 18:12, а во продолжение обезбедија поубедлива предност и победа против скопскиот ривал.

Оливие Њокас, Ѓукиќ, Дибиров и Валчак постигнаа по 4 голови за победникот, а најефикасен во редовите на Пролет беше Џонов со 7 погодоци.

Еурофарм останува на три бода заостанување зад Вардар по денешната победа над Скопје 2020, додека посебно внимание предизвика малото дерби меѓу Бутел и Охрид.

Победникот е решен во неизвесна завршница, а конечниот резултат е 15:14, што е сигурно еден од најнеефикасните натпревари во историјата на македонската машка ракометна лига. Најефикасен играч бил Мајиќ од Бутел кој реализирал пет пати, а неговиот тим е на делба на третото место.

Металург оствари победа над Радовиш со 31:19, додека Прилеп ја совлада Струга со 25:22 во преостанатите две средби одиграни денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни