Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Алкалоид се избегнаа во групната фаза на традиционалниот турнир во Струга

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkvardar

Новата натпреварувачка сезона во најсилната ракометна лига секогаш се најавува со традиционалниот турнир кој се игра во Струга, а денеска беа извлечени групите за 51-то издание.

Струшкиот турнир секогаш е извонредна увертира за она што следи во новата сезона и последна добра подготовка за македонските тимови, но како и по обичај, повторно има и странски гости кои ќе учествуваат крај езерото.

Алкалоид и Вардар успеаја да се избегнат во групната фаза и се најдоа во различни групи, па тоа значи дека ако бидат стопроцетни, може да се сретнат само во финалето.

Вардар се најде во групата Б заедно со домаќинот Струга и со шведскиот тим Ескилскуна Гуиф, додека во групата А е Алкалоид.

Еурофарм Пелистер лани славеше над Целје, а сега во групната фаза ќе игра Алкалоид кој во групата е со АЕК и Динамо Панчево.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни