Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го претстави на јавноста и петтото летно засилување: Недановски и Столе добија нов лев бек (Фото)

Објавено

на

Foto:rkvardar.com.mk

Борко Ристовски како нов извршен директор на Вардар најави дека клубот поединечно ќе го претстави секое ново летно засилување, а попладево беше потврдена и петтата аквизиција.

Македонскиот великан прави голема реконструкција и во играчки и во директорски поглед и ќе почне речиси од нула, па во новата сезона Вардар ќе се потпре на многу млади ракометари.

По Матија Николиќ, Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ и Хансер Родригез, Вардар го претстави и Нилтон Мело, младинскиот репрезентативец на Португалија кој има само 19 години.

– Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“. Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)

– Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари. Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби. Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни