Поврзете се со нас

Светски првенства

Варан: Разочарани сме, но и горди…

Објавено

на

Франција не успеа да ја одбрати светската титула која по голема борба заврши во рацете на Аргентинците.

Французите имаа многу проблеми на средбата во Лусаил, ама одново покажаа карактер и од негатива од 2-0 се вратија во игра и изборија продолженија во кои одново требаа да го бркаат водството на противникот, дојдоа до 3-3 и имаа шанса за 4-3 која не ја искористија за да потоа дојде пенал рулетот во кој „гаучосите“ беа на повисоко ниво и го освоија пехарот во Лусаил.

-Многу сме разочарани, дадовме се. Моравме да се соочиме со многу пречки за време на натпреварувањето, не се откажавме од ништо. Еден час не бевме на натпреварот. Можевме и ние да победиме, јас сум многу горд на оваа група и што сум Французин. Главите горе, -рече Рафаел Варан.

-Се вративме на овој натпревар кога беше комплициран, се играше многу брзо, потоа физички бевме подобри. Притискавме и верувавме до крај. За малку ќе го свртевме натпреварот кој започна лошо. Покажвме ментална сила, многу срце. Ова ни овозможи да се вратиме на овој натпревар. Разочарани сме, но и горди, -порача стоперот кој едноставно „издиша“ во второто продолжение и мораше да биде заменет со Конате.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни