Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Гал гледа само една слабост кај Меси: Тоа ќе биде нашата шанса

Објавено

на

Луи Ван Гал се уште не ја одработи официјалната прес-конференција пред четвртфиналето против Аргентина кое се игра во петок, но веќе почна да дава интервјуа за холандските новинари кои се присутни во Катар.

Холандија не брилјираше со прикажаната игра во досегашниот тек на турнирот, но кога еден тим ќе се пласира меѓу најдобрите осум во светот, јасно е дека го делат само три чекори од најголема слава.

„Лалињата“ ќе имаат тешка задача против френетичните „гаучоси“ каде посебно расположен е Лионел Меси, но Ван Гал пронајде и една слабост кај капитенот која мора да биде искористена од неговите фудбалери.

– Меси е најопасниот креативен играч во светот, тој е способен да креира за своите соиграчи, но и самиот да постигнува голови. Сепак, кога ја губи топката, не учествува многу во играта и тоа ќе биде нашата шанса. Треба да се обидеме почесто да му ја одземаме топката, – изјави Ван Гал за телевизијата „НОС“, по што доби прашања каков прецизен план има за Меси.

– Имам план, но нема да ви го кажувам на вас. Ќе видите каков е планот во петок, – додава искусниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни