Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван дер Варт распали по Халанд, но и по еден првотимец на Артета: Тие се бескорисни……

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelvdvaart

Ерлинг Халанд имаше само 20 допири со топката на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа му донесе нова серија критики во јавноста, особено од оние кои сметаат дека Норвежанецот е доста лош од технички гледан аспект.

По жестоката изјава на Рој Кин од пред една недела, сега со критички коментар за играта на Халанд излезе и Рафаел Ван дер Варт, кој исто така имаше жестоки зборови и за голманот на Арсенал.

– Ерлинг Халанд беше навистина многу лош. Кога не постигнува голови, тој е бескорисен за тимот. Тој е навистина просечен фудбалер кога ја има топката во своите нозе, – изјави Ван дер Варт, кој не е импресиониран и од голманот на Арсенал.

Давид Раја предвреме ја падна пенал битката со Хари Кејн и му овозможи на напаѓачот лесно да ја погоди празната страна, по што Холанѓанецот не штедеше критики.

– Погледнете го што прави Раја….. Зарем ова е голман? Кејн уште не направи потег, а Раја падна на земја и му ја олесни задачата на противникот. Изгледаше бескорисно – порача Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни