Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк го издвои најтешкиот противник во кариерата: Тој секогаш успева да даде гол…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Вирџил Ван Дајк веќе доста време е на големата сцена и има одиграно многу натпревари, поминато многу битки на теренот и искуството дефинитивно му кажува кој е ривалот кој му прави најголеми проблеми, поточно му е најтежок за чување.

Некој можеви ќе каже тоа се Роналдо, Меси, Халанд, Мбапе…меѓутоа тие не се во фокусот на Холанѓанецот за кого Оливие Жиру е фудбалер со кого едноставно не сака да се соочи на зелениот тепих.

-Оливие Жиру. Секогаш кога мислите дека сте го неутрализирале, добро сте го маркирале, тој секогаш успева да постигне гол на овој или оној начин: со глава, нога, колено. Тој често постигнуваше голови против мене.

-Постојано имав чувство дека го имам, но некако секогаш успеваше да постигне гол. Без разлика дали тоа беше за Арсенал, Челси или Франција, тој секогаш постигнуваше голови. Му реков кога ја освоивме лигата, победивме 5-3 [против Челси] бевме 3-0 или слично и тој постигна лош погодок, мислам дека беше нешто статива, падна, лош гол, па му него: „Пак постигна гол“.-вели стоперот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни