Поврзете се со нас

Светски првенства

Ужасна повреда на Блинд: Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед со носила изнесен од теренот (Видео)

Објавено

на

Репрезентативецот на Холандија и член на Ајакс, Далеј Блинд заработи ужасна повреда на вчерашниот натпревар против Гибралтар.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед  во обид да спречи еден од противничките фудбалери незгодно се закопа во ревникот, по што неговото колено се измести.

Фудбалерот веднаш повика помош и беше изнесен надвор од теренот на носилки, а во репрезентацијата на Холандија стравуваат од најлошото, повреда на вкрстените лигаменти што сигурно ќе значи и пропуштање на Европското првенство ова лето.

Далеј Блинд нема многу среќа со повредите и здравствените проблеми во текот на целата негова кариера, а последно по што јавноста го памети е тоа што мораше да оди на принудна пауза поради срцеви проблеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни