Поврзете се со нас

Балкан

Турските дисциплинци испорачаа жестока казна за Трабзонспор

Објавено

на

Foto:twitter.com/Fenerbahce

Дисциплинското тело при Фудбалската Федерација на Турција изрече жестока казна за агресијата која беше видена на натпреварот меѓу Трабзонспор и Фенербахче, а сосема очекува, најдебелиот крај го извлече клубот за кој настапува нашиот Енис Барди.

Трабзонспор како клуб денеска се запозна со жестоката казна и дозна дека ќе игра пред празни трибини на домашен терен цели ешст натпревари, како и со парична каза од 3 милиони лири, или 95 илјади евра.

Исто така, суспензија од еден меч доби тренерот на Трабзонспор, Егемен Коркмаз, како и фудбалерите на Фенербахче кои се тепаа со фановите на Трабзонспор, Џан Егрибајат и Квин Остерволде.

Без казна мина Брихт Самуел кој исто така влезе во физичка пресметка со разулавените навивачите, но заклучокот на Федерацијата е дека тој само се бранел од нападите.

Фенербахче како клуб најави истапување од турското првенство во знак на револт на случувањата во Трабзон, но вчеравечер објави дека сепак се откажува од таквата замисла и ќе остане дел од најсилната лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни