Поврзете се со нас

Италија

Тудор детектираше какви играчи му недостасуваат на Лацио по болната елиминација од Јуве

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио покажа голема желба и храброст да се надигрува со Јувентус на „Олимпико“, па сосема заслужено стигна до предност од 2:0 и ја анулираше негативата која ја стекна во Торино.

Тимот од престолнината беше подобар тим на теренот и беше на добар пат да игра продолженија, но во моментите кога се чинеше дека мечот полека влегува во таканаречена „мртва фаза“, гостите постигнаа гол преку Милик за пласман во финалето во Копа Италија.

Овој погодок ги грогираше играчите на Тудор кои останаа без свежина и не создадоа ниту една шанса со самата завршница, па хрватскиот стручњак детектираше какви играчи ќе бара на трансфер пазарот во текот на летниот преоден рок.

– Си заминуваме со подигнати глави, одигравме извонреден меч, а за жал тоа не беше доволно за финале. Има многу позитивни работи од овој меч, задоволен сум од ставот и менталитетот на играчите. Сите беа добро поставени од првата минута, верувавме дека можеме до финале. Во мојот краток мандат тука, три пати игравме со Јуве, а два пати победивме. Иако не минавме во финалето, задоволен сум од тоа што го покажа мојот тим.

– Ќе мора да се подобриме во текот на летото, но сметам дека сме на добар пат. Задоволен усм од момците, овде сум само еден месец, најважната работа ќе ни следи претстојново лето. Треба да пронајдеме вистински пррофил на играчите, бидејќи сметам дека ни недостасуваат физички моќни играчи и силни тркачи, – изјави Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни