Поврзете се со нас

Италија

Трето полувреме на „Сан Сиро“: Лаутаро и Тео во жесток дуел по градското дерби (Видео)

Објавено

на

Градското дерби меѓу Интер и Милан донесе брз пресврт и голема победа за „росонерите“, но и многу дуели меѓу фудбалерите поради тензијата која настана на теренот.

Судијата Марко Гуида во самиот финиш му додели и црвен картон на Тео Ернандес, а Французинот при напуштањето на теренот реши малку да ги провоцира фановите на Интер.

Тоа предизвика жестока реакција од страна на Лаутаро Мартинез, кој влезе во вербален дуел со Ернандес, а според фановите на Милан, веројатно и го плукнал противничкиот фудбалер, кој во тие моменти се упатуваше кон соблекувалната.

Откако Гуида досуди крај, Тео се врати на теренот и двете клупи мораа да ги одвојуваат него и Лаутаро и да спречат поголем инцидент. Останува да се види дали ќе реагира дисциплинската комисија на Серија А или инволвираните ќе поминат само со опомена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни