Поврзете се со нас

АБА лига

Трет успех во АБА2 лигата:Пелистер се врати од голема негатива и се избори за победа после продолжение

Објавено

на

Foto:twitter.com/ABA_League2

Пелистер ја започна новата рунда во АБА 2 лигата како еден од трите тима со најслаб учинок, но третата победа на битолчани донесе скок на табелата до деветтото место.

Избраниците на Радуловиќ покажаа карактер на денешниот меч со хрватска Шибенка и се вратија од голема негатива во втората четвртина, пред се благодарение на извонредните пет минути на крајот од овој дел.

Шибенка водеше со плус 16 (39:23) и се чинеше дека е на добар пат да има голема предност на паузата, но пред да дојде до одмор, Пелистер направи серија од 14:2 и намали на достижни 41:37.

Македонскиот претставник имаше црна дупка и на старто на вториот дел кога четири минути не постигна поени, меѓутоа добра вест беше одличната одбрана и лошите решенија на Хрватите. Пелистер остана во игра и направи последниот период да биде крајно неизвесен, па во еден толку тесен и драматичен меч, на крајот најзаслужено беше што се дозна победникот после продолжение.

Регуларниот дел од мечот заврши 69:69, но потоа нападот на Пелистер проработи на вистински начин и на крајот нашиот претставник се израдува на победа од 85:78.

Планиниќ со 26 поени и 14 скокови беше прво име на денешниот натпревар, следен од Мијовиќ кој уфрли 23 поени, како и Костоски кој го заврши мечот со 14 поени. Овој АБА турнир се игра во Нови Сад, а Пелистер следниот предизвик ќе го има в петок кога игра против Домжале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни