Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Елмас во елемент: Спалети го „бркаше“ Алегри по „петардата“ во Неапол (Видео)

Објавено

на

Наполи го прикажа сиот свој напаѓачки потенцијал на натпреварот против Јувентус и оствари неверојатен резултат во петочното дерби, кое сигурно уште долго ќе го паметат тифозите на двата тима.

Задоволството е на страна на навивачите на Наполи поради победата од 5:1, додека разочарувањето е огромно кај навивачите на Јувентус кои првпат видоа како нивниот тим прима пет гола во Серија А по пауза од цели 30 години.

Пескара е тимот кој последно му дал пет гола на Јувентус во далечната 1993-та година, а сега тоа го повторија и Елиф Елмас и неговите соиграчи.

Истовремено, Наполи првпат му даде пет гола на Јувентус по незаборавниот меч од 1990-та година, што направи расположението да биде навистина различно на двете страни.

По последниот судиски свиреж, Макс Алегри експресно се упати кон тунелот со цел што побрзо да го напушти теренот, но тука беше Спалети кој го „бркаше“ својот колега со испружена рака за да го добие посакуваното ракување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни