Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Елмас не му верува на Реал за Белингам: Се додека не се уверам сам на теренот……

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Осминафиналта фаза во Лигата на шампионите ќе биде отворена утре после двомесечната пауза, а натпреварот кој сигурно ќе биде во фокусот е оној меѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид.

Елиф Елмас и неговите нови соиграчи ќе имаат шанса да го предизвикаат најдобриот тим во историјата на ова натпреварување, но според најавите, Карло Анчелоти нема да може да смета на својата главна ѕвезда на гостувањето во Германија.

Реал пријави повреда на Џуд Белингам и прогнозите се дека ќе паузира три седмици, но Марко Розе како тренер на Лајпциг вели дека нема да верува во таа приказна се до самиот старт на мечот.

– Нема да верувам дека тој нема да игра се додека не се уверам сам на теренот. Добро го познавам Џуд, тој ќе направи се за да игра на натпревар во Лигата на шампионите. Никогаш ништо не се знае, може да посети други лекари кои ќе кажат друго. Ќе видиме дали ќе биде на теренот, или не, – вели Марко Розе кој му беше тренер на Белингам во Борусија Дортмунд.

– Го имав една година во мојот тим и станува збор за неверојатно момче. Има несекојдневен менталитет, се движи многу добро и го прави секој тим многу подобар. Сметам дека го избра вистинскиот тим за да направи голем исчекор во кариерата, – додава тренерот на РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни