Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем експресно испадна Лига Купот, тренерот разочаран: Ова натпреварување беше мој приоритет…

Објавено

на

Тотенхем веќе долго време се мачи да освои било каков трофеј, а веќе на стартот на оваа сезона остана без можност да стигне до успех во едно од натпреварувањата-тоа е англискиот Лига Куп, популарниот Карабао Куп во кои беа елиминирани од Фулам.

„Петлите“ имаа одличен почеток во ПЛ, па со оглед на тоа што не играат во Европа се очекуваше да пробаат да притиснат во куп натпреварувањата, но се случи сосема спротивното и поради тоа разочаран беше тренерот, Анге Постекоглу.

-Секако дека сме разоачрани. Не игравме течно, ама тоа не беше изненадувачки со оглед на промените. Ми се допадна начинот на кој се држевме, но на крајот не можевме да ја надминеме линијата. Карабао купот ми беше приоритет. Нема европски фудбал, па како да дознаам за моите играчи? Сите тие се дел од клубот. Тоа не значи дека купот или кој било натпревар не е наш приоритет.

-Ние сме многу во фазата на откривање, така што треба да дознаеме и да им дадеме на играчите можност да придонесат доколку ни требаат во следните неколку недели. Ќе треба да се потпреме на овие момци и ова беше можност тоа да го направиме, -порача Анге.

Сега на тимот од северен Лондон му останува ПЛ и ФА Купот, поточно таму ќе побара можност да стави крај на серијата од трофеј.

Имено последниот пехар е освоен во кампањаата 2007/2008 и тоа во Лига Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни