Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш се раздели со шест фудбалери, Рамани го засили Шкупи

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Тиквеш без поголеми проблеми успеа да обезбеди опстанок во елитното фудбалско друштво и заврши на средина на табелата во Првата македонска фудбалска лига, но сепак тоа не беше гаранција за продолжување на соработката со шест играчи.

Клубот од Кавадарци денеска ја информираше јавноста дека шест првотимци нема да продолжат да ги бранат боите на Тиквеш во новата натпреварувачка сезона, а тоа се Анаел Барга Нгоба, Николај Христов, Стефан Наумчески, Урош Мирковиќ, Стефан Костов и Виктор Наумовски.

Многу брзо по веста за јавноста која беше проследена од Тиквеш, со официјално соопштение се јави и Шкупи, кој потврди уште едно засилување за новата сезона.

Хамза Рамани е 20-годишен талентиран фудбалер кој воодушеви оваа сезона со настапите во Силекс, што беше добра препорака да направи трансфер во редовите на клубот од Чаир.

Рамани во детството беше дел од младинската школа на Шкупи и потоа играше и за Победа и Беласица, но по престојот во Кратово, сега повторно се враќа во Чаир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни