Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го пофали Роналдо, но и втората голема ѕвезда која досега беше во сенка: Сите видовме како може да влијае врз тимот

Објавено

на

Ерик Тен Хаг може да биде задоволен што Манчестер Јунајтед се врати на победничките патеки во Премиер лигата по минатонеделниот дебакл од Сити во дербито, но уште повеќе поради реакцијата на двајцата искусни фудбалери кои досега беа во втор план.

Кристијано Роналдо и Касемиро досега се дружеа заедно најмногу на клупата за резерви, но вчера првпат добија вистинска шанса да се најдат на теренот подолго време и веднаш направрија разлика.

Токму комбинацијата меѓу Бразилецот и Португалецот го донесе голот за победа на Јунајтед од 1:2, по што Тен Хаг ги истакна квалитетите на двајцата како нешто од што можат сите да профитираат во иднина.

– На секој играч потребна му се самодоверба, дури и на најдобрите во светот. Работев со многу голгетери во кариерата, на нив головите им се потребни како леб. Среќен сум за првиот гол на Роналдо во Премиер лигата оваа сезона, мораше да почека на него, но сега сигурен сум дека ќе видиме уште многу. Сега ќе му биде многу полесно, среќен сум што стигна до 700-от гол во кариерата. Му честитав за тоа што го направи, – изјави Тен Хаг, кој не го заборави и Касемиро.

– Касемиро полека почна да се прилагодува и можевте да видите какво влијание има врз тимот. Може да замислите како ќе биде кога ќе одигра уште повеќе натпревари како стартер. Тој освојува многу топки на средината и многу е смирен при предавањето на топката во нападот, – изјави Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни