Поврзете се со нас

Македонија

Тажна вест од Австралија: Почина поранешниот македонски репрезентативец Гоце Груевски

Објавено

на

Поранешниот голман на Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар, Гоце Груевски почина во Австралија на 46-годишна возраст.

Оваа вест со јавноста ја сподели Престон Лајонс каде тој ја заврши кариерата, а изминативе години беше тренер на голманите. Груевски беше човек кој имаше голема страст за фудбалот, човек со карактер кој секогаш беше подготвен да им помогне на останатите.

Гоце во минатото бранеше и за нашата најдобра фудбалска селекција и тоа на три квалификациски и неколку пријателски мечеви. Причините за смртаа на Груевски не се познати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни