Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Супер лигата го објави новиот формат и ја исправи најголемата грешка од првата промоција (Видео)

Објавено

на

Денешната одлука на Европскиот суд за правда во однос на позицијата на УЕФА во организацијата на европските купови, оди во корист на проектот Супер лига, па компанијата задолжена за промоција на новото натпреварување веднаш го објави и новиот формат.

Супер лигата ја исправи својата најголема грешка од првичната промоција, односно ја исфрли опцијата за затворен круг на клубови учесници и сега во истата ќе можат да се најдат сите европски клубови, кои ќе напредуваат низ три нивоа (лиги), Ѕвездена, Златна и Сина лига.

Вкупно ќе учествуваат 64 клубови, 16 во највисокото ниво, 16 во Златното ниво и уште 32 во Сината зона, при што во првите две групи екипите ќе бидат поделени во две групи со по осум екипи.

Тоа подразбира 14 натпревари по сезона, додека нокаут фазата ќе започнува со четвртфинале со вообичаениот формат на два натпревара, се до финалето на неутрален терен.

По две екипи ќе испаѓаат од првите две зони и по толку екипи ќе можат да напредуваат во повисоко ниво, додека во Сината група екипите ќе се пласираат според пласманот во домашните првенства.

Организаторот најави дека преносите од Супер лигата ќе бидат бесплатни, а клубовите ќе добиваат финансиски средства од солидарниот фонд како и досега.

Планирана е и Супер лига во женска конкуренција, во која ќе учествуваат 32 европски екипи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни