Поврзете се со нас

Свет

Супер издание на Лазаревски, Тримо Требње го изненади лидерот Целје (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Милан Лазаревски го одигра најдобриот меч во дресот на Тримо Требње и беше меѓу најзаслужните за големиот триумф на оваа екипа над лидерот Целје во првата лига на Словенија.

Составот на Тримо Требње покажа многу повеќе низ 60 минути и избори триумф од 30-29, односно му го нанесе првиот пораз на Целје во актуелната натпреварувачка кампања. Лазаревски одигра без грешка и даде шест голови од исто толку обиди или поточно беше прв стрелец заедно со Филип Главаш (6/8).

Вториот Македонец во тимот на Тримо, Тоше Ончев не беше во комбинација за оваа средба.

Сега Милан, Тоше и компанија имаат 37 бода со што се втори на табелата со минус шест во однос на Целје, ама воедно имаат и два натпревари за доигрување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни