Поврзете се со нас

Италија

Стоперот на Торино се посрамоти со обидот да изнуди жолт картон (Видео)

Објавено

на

Торино на најдраматичен можен начин загуби на гостувањето кај Удинезе, бидејќи тимот на Јуриќ прими два гола во судиското продолжение во моменти кога се чинеше дека ќе дојде до поделба на бодовите.

Црвениот картон на Мандрагора ги осоколи домаќините да тргнат по трите бода и постигнаа два гола во 93-та и 97-та минута, но ова сепак не беа најкоментираните моменти на социјалните мрежи.

Стоперот Алесандро Буонџорно се погрижи да видиме еден од најбизарните обиди за изнуда на жолт картон, што на крајот не му успеа и покрај упорноста да добие опомена од главниот арбитар.

Како играч со четири жолти картони, Буонџорно беше на еден картон од одлежување на еден меч суспензија, а бидејќи за две кола следи огромното дерби меѓу Јувентус и Торино, стоперот очигледно сакаше да влезе „чист“ во тој дуел.

Дефанзивецот очајнички посакуваше да добие жолт картон и го соблече дресот пред да ја напушти играта во вториот дел, но оваа желба не му ја исполни судијата Рапуано.

Следен натпревар на Торино ќе биде оној против Венеција, па доколку игра, Буонџорно ќе треба да биде посебно внимателен да не добие жолт картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни