Поврзете се со нас

АБА лига

Стојановски одбил понуди од Франција и останува во МЗТ Скопје

Објавено

на

Војдан Стојановски се одлучи да го продолжи договорот со МЗТ Скопје и да остане во тимот од Аеродром и следните две сезони.

34 годишниот кошаркар сигурно ќе биде од клучно значење за тимот на МЗТ кој се врати во АБА Лигата и ќе има можност да игра со најдобрите тимови од регионот.

МЗТ со потпишувањето на новиот договор на Војдан ја комплетираше надворешната линија каде ќе бидат и Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, амјан Роберв, Мајк Кафи и Бре Ајви.

Според клубот од Аеродром, Војдан Стојановски имал сериозни понуди и од француски клубови, но на крајот се одлучил да ја прифати таа на неговиот актуелен тим.

Војдан е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни