Поврзете се со нас

Европски првенства

Србија се спасуваше од пораз и после 24 години се пласираше на ЕП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Фудбалската репрезентација на Србија одигра променливи квалификации и имаше натпревари на кои не ги оправда очекувањата, но на крајот најважно е што „орлите“ ја остварија најважната цел.

Тимот на Драган Стојковиќ се очекуваше денеска да ја надигра Бугарија и со победа да го завери пласманот на континенталниот собир, но на крајот се задволи само со реми.

И тој резултат беше доволен да се оствари зацртаната цел, а тоа е пласман на Европското првенство во Гермнија кое се игра наредното лето.

Србија стана 17-та репрезентација која обезбеди виза за најважниот турнир на стариот континент, но до тоа дојде откако на крајот се спасуваше и од пораз од Бугарија.

Србите поведоа со голот на Велјковиќ во првиот дел, Русев и Десподов направија пресврт, а конечните 2:2 ги постави Бабиќ во 82-та минута за реми и пласман на Европско првенство по пауза од 24 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни