Поврзете се со нас

Свет

Специјална благодарност: Вашингтон Стејт го испочитува Јакимовски (ФОТО)

Објавено

на

Вашинтон Стејт го одигра својот последен меч на домашен терен во оваа сезона во НЦАА лигата и тоа против Вашингтон каде загуби со 74:68, односно со ова го заврши овој дел на втората позиција во својата конференција.

Пред натпреварот Вашингтон Стејт ги испочитува своите сениори меѓу кои е и нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Тој во присуство на неговото семејство доби благодарница од универзитетот за се што направи во изминативе години за популарните „кугарс“.

foto:wsucougars.com/sports/mens-basketball

Капитенот Јаки е многи почитуван од страна на сите пред се од соииграчите кои имаа само убави зборови за него. Андреј ја завршува оваа приказна со одиграни преку 115 натпревари во дресот на Вашингтон од кои на 75 беше стартер.

Новиот предизвик за Јакимовски и другарите е  настапот во Лас Вегас.

Инаку нашиот ас имаше проблеми со раката против Вашингтон и постигна само два поени со три скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни